Вила Флора е модерна и со стил опремена
вила лоцирана во Охрид, во новата населба Далјан, на 100 метри од брегот на Охридското
Езеро.
Лицето на вилата е свртено кон инсток и предните соби се со поглед на
Самоиловата тврдина, а ентериерот е украсен со многу антиквитети и сувенири
карактеристични за Македонија. Се наоѓа на 10 минути пеш од самиот центар на
градот и на 100 метри од самата плажа на езерото. Со тоа на своите гости Вила
Флора им овозможува пријатен и удобен одмор без потреба за размуслување за било
каков превоз. На своите гости исто така им стои на располагање и летната бавча
со прекрасно уредениот двор преполн со разновидна флора која пак воедно е и
заштитен знак на вилата, по која пак го добила своето име. Исто така Вила Флора
на своите гости им нуди и бесплатен чамец за пловидба по Охридското езеро. Како
уште еден додаток што нуди Вила Флора на своите гости е и интернет приклучокот
за постојана комуникација на гостите со глобалниот свет.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------